На медиумите им беше потврдено дека постои план, а се ќе зависи од Португалецот.
Реал Мадрид и официјално стави точка на приказните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристиано Роналдо, никогаш, нема да игра за ниту еден друг европски клуб, освен во случај некој да ја плати клазулата од милијарда евра, тврдат од редовите на „кралевите“.
Вчера се пишуваше за неговото барање да му биде зголемена платата и да биде доведен на исто ниво со Меси, но на Реал тоа не му е приоритет. Кристиано има договор уште три години и кога тој ќе заврши, Португалецот ќе има веќе 36 години.
Тој може да замине и порано, но од Реал тврдат дека нема да го пуштат во некој друг европски клуб. Единствената можност веројатно е МЛС, но тешко дека Роналдо би прифатил да се натпреварува во американската лига кога сеуште може да се натпреварува на највисоко ниво.
Како и да е, колку и да Реал голем клуб, јасно е дека во овој момент Роналдо е незаменлив дел од нивниот тим, како на маркетиншки така и на играчки план. Португалецот веќе спречи доведување на неколку фудбалери во Мадрид.