Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. „Кралевите“ се спремни да платат 60 милиони евра за неговиот потпис бидејќи сметаат дека Французинот ќе биде идеален наследник за Тони Крос.
Rennes want at-least €60m for Eduardo Camavinga, Real Madrid and BVB are both fighting for his signature but the German club are reluctant to go into a bidding war with Real who're generally very impressed with the dynamism of the 17-year-old. [@diarioas] pic.twitter.com/X0S0e6qyIV
— Infinite Madrid (@InfiniteMadrid) March 17, 2020