Реал Мадрид е спремен да го продаде Еден Азар уште во следниот трансфер прозорец, тврдат шпанските медиуми.
Белгиецот минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100.000.000 евра, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека неговата цена на фудбалскиот пазар паднала за 40 проценти. Еден Азар од првиот ден во Реал има проблеми со повредите и вишокот килограми.
Дел од клупските челници биле незадоволни и што тој редовно се приклучува на репрезентативните собири. Според нив подобро би било да останува во Мадрид и да работи на својата форма.
Со евентуалната продажба на Азар клубот би ослободил уште повеќе место во буџетот за плати. Неговото заминување е поврзано и со можниот трансфер на Килијан Мбапе наредното лето.
Француските медиуми на почетокот на сезоната најавија дека Мбапе по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти ПСЖ, а „кралевите“ веќе работат на неговиот трансфер.
With today marking Eden Hazard's one year's anniversary in Madrid, he has only scored 1 goal in his 22 appearances for Realmadrid since arrival imfor a whopping £150 deal
— dadasgist (@dadasgist) October 5, 2020
Do you think he has justified he price to the club. pic.twitter.com/fp78G91CEx