Шпанскиот гигант Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс.




Скаути на „кралскиот“ клуб долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Реал Мадрид смета дека Белгиецот би бил идеална замена за Модриќ, кој иако игра фантастично сепак е на залез на кариерата.




„Кралевите“ започнаа со подмладување на средниот ред со доаѓањето на Камавинга, а Тилеманс е новото име на списокот на Анчелоти.




Тиелеманс има договор на уште 18 месеци со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, а Лестер за неговата слобода бара 40 милиони фунти.