Дома Фудбал Реал потврди: Еве колку време ќе паузираат Модриќ и Марсело!

Реал потврди: Еве колку време ќе паузираат Модриќ и Марсело!

Лука Модриќ и Марсело се здобија со повреди на саботниот меч против Малага, а денес лекарскиот тим на „кралевите“ соопшти дека Хрватот ќе паузира најмалку 10, а Бразилецот 30 дена.

Модриќ против Малага одигра 78-та минути кога тренерот Зидан го извади од игра поради повреда. Лекарските прегледи покажаа дека хрватскиот репрезентативец има оптоварување на адукторот во десната нога и надежите се дека за десетина дена ќе се врати на терените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За разлика од Мордиќ, Марсело ќе отсуствува најмалку еден месец. Бразилецот против Малага настапот го заврши по 25 минути игра и дијагностицирана му е раптура на бицепсот на ногата.

Реал во наредниот месец има исклучително тежок распоред ќе го игра реваншот во Купот на Кралот против Селта, а во првенството ќе игра против Реал Сосиедад, Селта, Осасуна, Еспањол, Валенсија и Виљареал, а на 15-та февруари игра против Наполи во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве колку заработи Барселона од освојувањето на Суперкупот

Во фасцинантното финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона ја победи Реал Мадрид во Џеда, Са…