Сергеј Милинковиќ – Савиќ е една од најжешките трансфер теми ова лето, но играчот за врска најверојатно ќе остане во Лацио.
За Милинковиќ – Савиќ силен интерес покажаа Манчестер Јунајтед, Милан, Јувентус и Реал Мадрид, но ниту еден од споменатите клубови не беше спремен да ја плати сумата која ја бара Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се обидел да го донесе СМС во финишот од преодниот рок и испратил понуда тешка 95 милиони евра. Меѓутоа истата експресно била одбиена од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Лацио не сака ни да започне прегоовори за понуди пониски од 120 милиони евра, ша Србинот најверојатно ќе остане на „Олимпико“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот наскоро ќе потпише нов договор и ќе добие двојно поголема плата.