Реал Мадрид сериозно работи на својата иднина и веќе го обезбеди потписот на неколку млади и талентирани фудбалери, а последниот во низата е 14-годишниот талент Раул Асенсио.
Реал продолжува со купувањето на млади фудбалери кои би можеле да претставуваат иднина на „кралскиот“ клуб, па откако го комплетираше трансферот на Винисиус Џуниор од Бразил, кој на 16 години беше платен 45 милиони евра, денес следеше уште еден трансфер на тинејџер.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Станува збор за 14 годишен талент кој настапува за Лас Палмас, Раул Асенсио. Игра на позицијата играч за врска, роден е 2003 година и потпиша договор на 6 години.
Медиумите тврдат дека Реал Мадрид не платил обештетување бидејќи фудбалерот сеуште немал професионалне договор.