Раководството на Реал Мадрид нема да ангажира нови засилувања во зимскиот преоден рок, пренесува „Марка“.
Шпанскито весник кој е близок до „кралскиот“ клуб забележува дека тренерот Зинедин Зидан ќе се потпре на фудбалерите кои ги има на расплагање, а во нападот кој е„најпроблематичен“ довербата ја дава на Еден Азар, Герет Бејл и се надева на напредок на Лука Јовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно беше објавено дека „кралскиот“ клуб повторно ќе се обиде да го донесе во Мадрид, играчот од средниот ред Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој е голема желба на Зидан.
Сепак, претседателот Перез верува дека зимскиот преоден рок не е време за големи трансфери и во јануари нема да има промени во тимот,.
Реал Мадрид после 18 одиграни кола има само два
бода помалку од лидерот Барселона и е во трката за титулата во Примера.