Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а Реал Мадрид наскоро ќе преземе конкретни чекори за негов ангажман.
Шпанците истакнуваат дека Реал од 1 јануари ќе има право да преговара со Мбапе и ПСЖ нема да може да влијае на тоа бидејќи на неговиот играч му истекува договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога Реал ќе ја повика мајката на Мбапе и менаџерот Фајза Ламари на 1 јануари, тие ќе и кажат дека нејзиниот син има 15 дена да одговори на понудата. Нема да бидат прифатени дополнителни размислувања или промени. Мбапе ќе има 15 дена, повеќе од доволно, да рече дека сака да оди во Мадрид“, пишува Ас.
Ако Мбапе не се согласи на трансфер до средината на јануари, нема ништо од трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.