Реал Мадрид му порачал на Лука Јовиќ дека слободно може да си бара нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Изгледаше дека Јовиќ и во текот на летото ќе го напушти Реал, но Зидан инсистираше на тоа Лука да остане и да се избори за нова шанса. Не е исклучено во јануари да биде испратен на некоја позајмица, додека на лето „кралевите“ ќе се обидат да го продадат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според „Марка“ Јовиќ стана неупотреблив за Зидан поради проблемите со повредата. Во текот на есента пропушти седум натпревари, четири поради коронавирусот, а три поради повреда. Поради тоа Србинот сега е трет избор за напаѓач кај „кралевите“.
Последните информации се дека е постигнат договор Јовиќ да се врати во Ајнтрахт на шестмесечна позајмица каде ќе се обиде да ја „оживее“ својата кариера.