Реал Мадрид ќе мора да заработи 200 милиони евра од продажби за да ја избалансира финансиската година, пишува шпанска „Марка“.
Клубот многу вложи во текот на летото, повеќе од 350 милиони евра за да ги доведе Еден Азар, Едер Милитао, Лука Јовиќ, Родриго и Ферлан Менди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имаше и продажби, заминаа: Маркос Љоренте, Кејлор Навас, Раул Де Томас, Матео Ковачиќ, Тео Ернандез, но потрошија повеќе отколку што заработија. Ако не ги избалансираат финансиските документи постои можност од санкции од УЕФА или Ла Лига.
Два играчи кои можеа да донесат голем приход на клубот беа Хамес Родригез и Герет Бејл, но на крајот останаа во клубот. „Марка“ споменува дека Реал ќе се обиде да ги продаде уште во јануари.