Манчестер Јунајтед запиша два порази на последниет два натпревари, но Жозе Мурињо треба повеќе да биде загрижен за Пол Погба, кој во последно време игра под своите можности.
Критичарите, а и навивачите не се задоволни од скромните изданија на Французинот, кој се смета за најголем виновник за кризата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно Мурињо и Погба, кои одлично се согласуваа минатата сезона, сега едвај комуницираат, па наводно Французинот жали што се вратил на „Олд Трафорд“.
„Екип“ пренесува сека Погба не е задоволен од улогата која му ја дава Мурињо на теренот. Смета дека нема доволно слобода и дека така не можат да дојдат до израст неговата креативност и офанзивните способности.
Погба поради лошата игра против Тотенхем беше изваден од игра во 63-та минута, потоа против Хадерсфилд преседи на клупа, а против Њукасл повторно беше изваден од игра.
Весникот тврди дека ваквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Реал Мадрид кој на крајот на сезоната спрема реконструкција на тимот и нема да жали пари да го донесе Погна на „Сантиаго Бернабеу“.
Paul Pogba regrets moving back to Manchester United and dreams of Real Madrid rescuing him. (Source: L’Equipe) pic.twitter.com/zcTd83UEhd
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 15, 2018