Според пишувањата на шпанските медиуми, Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт.




Мино Раиола веќе крои планови да му најде нов клуб што поскоро и на лето Холанѓанецот да направи голем трансфер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.




Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе 22-годишниот стопер на „Сантиаго Бернабеу“.
Анчелоти сака да ја засили дефанзивната линија и верува дека Холанѓанецот може да биде столб на одбраната во наредните години.




Репрезентативецот на Холандија е убеден дека со тимот од Торино никогаш нема да го освои трофејот во Лигата на шампиони и затоа ќе се обиде за време на летниот преоден рок да направи трансфер.




Раиола веќе имал првични контакти со „кралевите“ кои спремаат богата понуда и сакаат да го донесат во своите редови.