Реал Мадрид спрема големи промени во тимот на крајот на сезоната.
Една од „критичните“ позиции во тимот е левата бековска позиција, каде моментално стартер е Менди, а Марсело на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „кралскиот“ клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал на лето сака да го врати во Мадрид, Серхио Регуилон, кој се пресели во Тотенхем за 30 милиони евра.
Наводно „кралскиот“ клуб во договорот вметнал клаузула според која ќе може да го врати играчот на „Сантиаго Бернабеу“ за одредена сума која сигурно ќе биде повисока од 35 милиони евра.
Тоа е само уште една потврда дека Марсело сигурно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.