Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат шпанските медиуми.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.
Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и често на таа позиција го користи Камавинга, па Хернандес е прв на листата желби.
Шпанските медиуми веруваат дека Милан нема да може да ја одбие богатата понуда и Французинот на лето може да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.