Дома Топ вести Реал Мадрид примил најмногу голови од сите клубови во Шпанија

Реал Мадрид примил најмногу голови од сите клубови во Шпанија

Реал Мадрид во претходните три години доминираше во Европа, но оваа сезона „кралевите“ скоро и да го допреа дното.

„Кралевите“ освоија три титули во низа во Лигата на шампионите, но оваа сезона сето тоа падна во вода бидејќи тимот целосно се распадна. Пред Реал е многу работа во летниот преоден рок, јасно е дека играчкиот кадар на овој тим ќе доживее големи промени. Пред се во Реал ќе мораат да пронајдат нов лидер, никој од актуелните играчи не се покажа како достоен да го замени Роналдо кој премина во Јувентус.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Зидан се врати на клупата, меѓутоа и покрај тоа се забележува дека Реал и понатаму има проблеми. Сепак, Зидан е доведен за да го спреми тимот за наредната сезона, оваа и онака веќе беше изгубена кога тој седна на столчето. Испаднаа од Лигата на шампионите и шпанскиот куп, додека во Ла Лига Барселона скоро и да ја обезбеди титулата.

Но, она што ги шокираше сите навивачи на Реал Мадрид е неверојатниот податок дека ниту еден шпански клуб не примил повеќе голови од „кралевите“ оваа сезона.

Имено, „кралевите“ примиле дури 62 гола оваа сезона во сите натпреварувања што е најмногу од сите шпански клубови. Тоа доволно зборува колку Реал Мадрид потфрли оваа сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Столе на првиот тренинг во Валенсија 🎥

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше п…