Реал Мадрид ги следи случувањата околу десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, пренесува „Релево“.
Килијан Мбапе е само формалност, Алфонсо Дејвис е многу блиску иако Баерн не се откажува и сака да го задржи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, заедно со него во пакет, Реал Мадрид би можел го доведе и Трент Александер Арнолд од Ливерпул.
Договорот на Арнолд со Ливерпул истекува во 2025 година. Мадриѓаните од поодамна го имаат на радарот англискиот десен бек, но практично беше невозможно да го доведат поради фактот што претходно беше обврзан со голем договор со „црвените“. Сепак, по завршувањето на ерата на Клоп се уште не се знае во која насока ќе оди Ливерпул, па иднината на неколку староседелци се уште е неизвесна.
Како што пренесува „Релево“, преговорите меѓу Ливерпул и Трено околу нов договор не напредуваат, но сигурно има доволно време да се случи такво нешто. Тој е дете на клубот и не треба да се трошат зборови за тоа колку му значи Ливерпул.
Трент сезонава одигра 29 натпревари и забележа 10 асистенции. Познато е дека дефанзивната не е неговата силна страна, но неговите офанзивни карактеристики се импресивни.