Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим на Игрите во Париз бидејќи Реал Мадрид не дозволува.
Мбапе во март порача дека сака да игра на Олимписките игри во Париз, но бидејќи олимпискиот фудбалски турнир не е во календарот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот олимписки тренер Тиери Анри не го вклучи 25-годишниот Мбапе во неговиот прелиминарен тим од 25 играчи претходно овој месец, иако ја остави отворена можноста да се приклучи дополнително на тимот. .
„Позицијата на мојот клуб беше многу јасна, па така мислам дека нема да учествувам на Олимписките игри“, изјави Мбапе на новинарите пред натпреварот од групата „Д“ против Австрија кој се игра вечерва во терминот од 21:00 часот.