Шпанскиот гигант Реал Мадрид го надмина Манчестер Сити по приходи за сезоната 2022/2023, според годишниот финансиски извештај на „Делојт“..
Кралевите минатата сезона оствариле вкупни приходи во висина од 831,4 милионин евра и по пауза од шест години, се вратија на врвот на листата на „Делојт“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш зад Реал Мадрид се наоѓа актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити со приходи од 826 милиони евра.
Границата од 800 милиони евра заработка ја надминаа само уште два тима, ПСЖ со речиси 802 милиони и Барселона со 800,1 милиони евра.
Во извештајот на „Делојт“ се наведува и дека најголем приход за клубовите доаѓа од спозорски договори, додека приходиѕе од ТВ правата пораснале за скромни 5%.
Топ 10 клубови со најголеми приходи во Европа
- Реал Мадрид
- Манчестер Сити
- Пари Сен Жермен
- Барселона
- Манчестер Јунајтед
- Баерн Минхен
- Ливерпул
- Тотенхем
- Челзи