Реал Мадрид со 14-европски титули е најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, а „кралевите“ сега поставија и уште еден необичен рекорд кој за брзо време сигурно нема да биде срушен.
Карим Бензема неодамна на ждрепката за новата сезона во ЛШ беше прогласен за играч на годината во ова натпреварување. Така тој најави дека сигурно е главен фаворит за „златната топка“ и „Бест“ наградата на ФИФА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така Реал Мадрид стана првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите кој има три различни фудбалери кои ја освојувале оваа награда. Ваквата награда пред Бензема ја освојуваа Кристијано Роналдо и Лука Модриќ.