Дома Трансфер зона Реал Мадрид влегува во трката за Санчо

Реал Мадрид влегува во трката за Санчо

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, откриваат англиските медиуми.

19-годишниот талент игра фантастично во Бундеслигата, а „милионерите“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Притоа, во Дортмунд знаат дека нема да можат уште долго да го задржат Санчо и ова е најверојатно неговата последна сезона на „Сингл Идуна Парк“.

Силен интерес за Англичанецот покажува Манчестер Јунајтед кој е спремен да ја плати бараната сума од 100 милиони фунти.

Меѓутоа, сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид, кој во Санчо гледа резервна опција доколку не успее да го обезбеди потписот на Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…