Дома Топ вести Реал купува нова ѕвезда во нападот – познати имињата!

Реал купува нова ѕвезда во нападот – познати имињата!

Реал Мадрид минатото лето за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.

Реал има голем проблем во нападот оваа сезона, Бензема постигна само два гола на последните 11 натпревари, а Јовиќ се покажа како големо промашување и не може адекватно да го замени Французинот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а медиумите откриваат дека на листата има три имиња.

„Марка“ открива дека на радарот на „кралевите“ се Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и Тимо Вернер.

Норвежанецот се покажа како вистинска „гол-машина“, но проблем е што неговата откупна клаузула во договорот со Дортмунд ќе се активира дури следното лето.

Тимо Вернер е во напредни преговори со Ливерпул, па поради тоа најреална опција е Лаутаро Мартинез, кој има откупна клаузула од 111 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еден од најбараните напаѓачи е на потег: Кариера во Европа или арапските милиони?

Словенечкиот репрезентативец Беџамин Шешко (20) се очекува да биде еден од главните адути …