Дома Топ вести Реал купува напаѓач – три ѕвезди на листата

Реал купува напаѓач – три ѕвезди на листата

Реал Мадрид минатото лето за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.

Реал има голем проблем во нападот оваа сезона, Бензема постигна само два гола на последните 11 натпревари, а Јовиќ се покажа како големо промашување и не може адекватно да го замени Французинот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а медиумите откриваат дека на листата има три имиња.

„Марка“ открива дека на радарот на „кралевите“ се Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и Тимо Вернер.

Норвежанецот се покажа како вистинска „гол-машина“, но проблем е што неговата откупна клаузула во договорот со Дортмунд ќе се активира дури следното лето.

Тимо Вернер е во напредни преговори со Ливерпул, па поради тоа најреална опција е Лаутаро Мартинез, кој има откупна клаузула од 111 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…