Дома Фудбал Реал и Атлетико од денеска ќе одиграат дури три дербија за само 25 дена

Реал и Атлетико од денеска ќе одиграат дури три дербија за само 25 дена

Распоредот на Ла Лига, новиот формат на шпанскиот Суперкуп и ждрепката на Кралскиот куп, доведоа до единствена ситуација. Реал и Атлетико, мадридските гиганти на шпанскиот и светскиот фудбал, за само 25 дена ќе одиграат три градски дербија.

Дополнителен интересен податок е што ќе играат во три различни споменати натпреварувања и на различни стадиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денеска се игра првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија. Следниот е на 18 овој месец или следната среда. Тогаш Атлетико и Реал се среќаваат на „Ванда Метрополитано“ во осминафиналето на Копа дел Реј.

Конечно во недела на 4 февруари играат првенствен натпревар на Бернабеу. Тоа значи дека оваа сезона мадридското дерби ќе се игра најмалку четири пати, бидејќи првото се играше во првиот дел од шампионатот.

Лигата на шампионите нуди можност за уште едно градско дерби до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …