Шпанските медиуми пишуваат за понуда на Реал Мадрид за Паоло Дибала, сепак малку е веројатно дека Јувентус ќе го пушти Аргентинецот.
Андреа Пирло се уште не се сместил на тренерското столче, а веќе пред него се првите главоболки. Најбогатите клубови кога ќе помирисаат слабост се безмислосни и сега Реал смета дека има момент кој може да го искористи и да го добие она што го сака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Позната шапнска телевизија тврди дека Реал Мадрид спремил понуда за Паоло Дибала која гласа 100 милиони евра, плус Иско или Тони Крос.
Изгледа примамливо, меѓутоа тешко дека Пирло е спремен да се коцка на почетокот на својот мандат. Без оглед на тоа што Иско е фудбалер кој го цени. Неодамна самиот изјави дека за освојување на Лигата на шампионите потребни се баш такви играчи.
Меѓутоа Дибала е две години помлад од Иско и четири од Крос, па дури иако понудата изгледа преголема во Торино сигурно не сакаат да останат без Дибала.
Клубот веќе ризвикува со тоа што во сезоната ќе влезе со тренер без ден искуство, па уште еден ризик не би прифатиле, барем така изгледа од страна.