Реал под итно мора да го доведе вистинското засилување…
Шпанскиот фудбалски портал „Don Balon“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвил 100 милиони евра за трошење во зимскиот трансфер период, и тоа само за еден играч.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Реал има многу лош старт во новата сезона и јасно е дека тимот треба да се подмлади со играчи од прва класа, пишуваат шпанските новинари. Прва мета за Перез е Кевин Де Брујн, клучниот дел од соблекувалната на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, кој Сити се уште не го продолжи договорот.
Шпанските новинари тврдат дека Перез по секоја цена ќе се обиде да го доведе белгискиот играч оваа зима на „Сантијаго Бернабеу“, а приликата ја гледаат во неговиот недефиниран статус во Сити.