Дома Трансфер зона Реал започна преговори со дефанзивецот на Лестер

Реал започна преговори со дефанзивецот на Лестер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.

Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот минатата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но пред почетокот на оваа сезона заработи сериозна повреда на глуждот.

Реал веќе стапил во контакт со агентите на Фофана и самиот играч инсистира да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…