Дома Трансфер зона Лестер ја „украде“ големата желба на Милан

Лестер ја „украде“ големата желба на Милан

Француските медиуми пренесуваат дека младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана се сели во Лестер за 40 милиони евра.

19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан беше сериозно заинтересиран за неговиот потпис и беше спремен да понуди 30 милиони евра, но Лестер ја доби битката за францускиот „бисер“.

„Лисиците“ се согласија за Фофана да платат 40 милиони евра, понуда која Милан не беше спремен да ја израмни, па играчот кариерата ќе ја продолжи на Островот.

Се очекува утре Французинот да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…