Дома Топ вести Реал загуби уште еден фудбалер од средниот ред!

Реал загуби уште еден фудбалер од средниот ред!

Реал Мадрид оваа сезона има големи проблеми со повредите, а неверојатно звучи фактот дека најмногу на „удар“ се фудбалерите од средниот ред кој постојано е десеткуван.

Готово да нема фудбалер од средниот ред кој не се повредил оваа сезона, а последен во низата е хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ковачиќ синоќа заработи повреда на квалификацискиот меч против Исланд, кој Хрватска го доби со резултат 2:0.

Хрватскиот репрезентативец го повреди глуждот после еден удар со противничкиот фудбалер и хитно беше префрлен во Мадрид на детални прегледи.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Зидан кој неможе да смета и на Крос, Модриќ и Касемиро, па Ковачиќ оваа сезона покажа дека може да биде одлична алтернатива во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Погледнете ја реакцијата на Ѓулер кога беше избран за играч на натпреварот (Видео)

Вчерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус на стадионот Сантјаг…