Дома Фудбал „Реал е тим кој старее, Азар отиде таму во погрешно време“

„Реал е тим кој старее, Азар отиде таму во погрешно време“

Един Азар ова лето се пресели во Реал Мадрид како најголемо засилување, но не ја започна „кралската“ кариера на најдобар можен начин.

Еден од оние кои сметаат дека Азар се преселил во Реал Мадрид во погрепно време е и легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој смета дека Реал е тим кој старее и во кој нема многу „искри“, па тоа може да се одрази и врз Азар.

„Кога ќе дојдеш во нов клуб, особено голем како Реал Мадрид, мораш да го заслужиш правото према тебе да оди секоја топка во нападот. За тоа треба авторитет, не само име“, смета Фердинанд.

„Се плашан дека отиде во Реал во погрешно време. Тоа е тим кој старее, нема напредок, нема никакви искри околу него во овој момент. Тоа многу ќе влијае на Азар и долгорочно негативно ќе се одрази на него“, заклучи Фердинанд.

Реномираниот весник „Eкип“ ги подели оцените за вчерашниот настап, а најлоша оценка од сите на теренот доби токму Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за …