Дома Топ вести Реал експресно најде клуб за Еден Азар!?

Реал експресно најде клуб за Еден Азар!?

Реал Мадрид е спремен да го продаде Еден Азар уште во следниот трансфер прозорец, тврдат шпанските медиуми.

Белгиецот минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100.000.000 евра, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Шпанските медиуми пишуваат дека неговата цена на фудбалскиот пазар паднала за 40 проценти. Еден Азар од првиот ден во Реал има проблеми со повредите и вишокот килограми.

Реал планира да го продаде или да го искористи во трампа. Нивната идеја е да тргнат по потписот на Килијан Мбапе следното лето, а ќе го понудат и Белгиецот во договорот за да ја намалат цената на младиот француски напаѓач.

Реал летово се ослободи и од Герет Бејл и Хамес Родригез, кои имаа големи плати, па со заминувањето на Азар додатно ќе се растерети буџетот за плати во клубот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…