Реал Мадрид оваа сезона не игра на очекуваното ново, веќе заостанува 8 бода зад лидерот Барселона, па сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари.
Шпанските медиуми пренесуваат дека прв кој ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде талентираниот голман на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на младата шпанска репрезентација има договор со Атлетик Билбао кој му истекува по завршувањето на сезоната.
Сепак, првиот човек на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез, проценил дека во јуни уште неколку други тимови ќе се обидат да го реалзираат трансферот на Кепа, па е решен да ја плати откупната клаузула која изнесува 20 милиони евра.
Иако квалитетите на Кепа им се веќе познати на „кралевите“, сепак ќе можат одблизу да се убедат во истите в сабота кога му гостуваат на Атлетик Билбао.