Шпекулациите за трансферот на Лука Модриќ во Интере се се погласни, а денес шпанските медиуми пренесоа дека „кралевите“ веќе размислуваат за замена за Хрватот.
Модриќ денес пристигна во Мадрид и во наредните денови ќе има состанок со Флорентино Перез, после кој ќе биде позната неговата иднина. Хрватскиот плејмејкер има понуда од Интер и ќе побара од Реал да му дозволи трансфер во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се ќе биде познато после состанокот кој ќе го има со Флорентино Перез, па останува да видиме дали претседателот ќе му дозволи да замине од „Сантиаго Бернабеу“.
Весникот „АС“ пренесува дека „кралевите“ веќе бараат замена за Модриќ и објави три имиња кои се на врвот на листата желби.
Првиот е Миралем Пјаниќ од Јувентус, потоа Марко Верати од ПСЖ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Овие фудбалери се идентивикувани како идеална замена за Модриќ, а нивната цена во моментов изнесува помеѓу 100 и 120 милиони евра.