Дома Трансфер зона Реал, Барса и Сити ја сакаат ѕвездата на Баерн Минхен

Реал, Барса и Сити ја сакаат ѕвездата на Баерн Минхен

Крилото на Баерн Минхен, Кингсли Коман е трансфер цел на Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити, пренесува „Скај Германија“.

Францускиот репрезентативец се сметаше за еден од најголемите таленти во Европа, но честите повреди го забавија неговиот развој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, неговите добри партии за Баварците не останаа незабележани, па многу европски гиганти го сакаат во своите редови.

Баерн е на чекор од комплетирање на трансферот на Лерој Сане, Гнабри е во одлична форма, па Коман ќе има се помалку простор во првиот тим.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат споменатите клубови, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а и самиот Коман е отворен за промена на средината.

23-годишниот крилен фудбалер за Баварците има одиграно 147 меча на кои постигна 30 гола и запиша 33 асистенции, а неговата цена во моментов изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…