Дома Трансфер зона Рајола се нашол во тесно, па го понудил Донарума на Милан за помала плата!?

Рајола се нашол во тесно, па го понудил Донарума на Милан за помала плата!?

Мино Рајола е веројатно најпознатиот фудбалски агент во овој момент, а актуелна е тема е Џанлуиџи Донарума.

Веќе стана јасно дека Донарума ќе си замине од Милан, во клубот доведоа и нов голман. Донарума и Рајола не сакаа да ја прифатат понудата на „росонерите“ од осум милиони евра, а клубот не планираше да понуди повеќе.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Затоа беше доведен Мајк Мањан од Лил кој потпиша договор на пет години. Меѓутоа Рајола по одбивањето на понудата на Милан не ги добил тие 10 милиони евра од ниту еден друг клуб, па сега наводно го сменил мислењето.

Се шпекулира дека дури и Рајола се решил да го понуди Донарума на Милан за помала плата, но од претходно во Милан порачаа дека не сакаат да имаат повеќе ништо со Рајола и Донарума.

Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…