Маркус Рашфорд оваа сезона не игра на очекуваното ниво, а последните неколку дена беше во центарот на вниманието поради скандал.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се забавуваше во ноќен клуб во Белфаст и го пропушти тренингот, па доби казна, но и жестоки критики од фановите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми сега пренесуваат дека Рашфорд не е задоволен на „Олд Трафорд“ и спрема сензационален трансфер.
Имено неговото име се поврзува со преселба во Арсенал, кој е силно заинтересиран за Англичанецот.
Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, па тешко е да се поверува дека „црвените ѓаволи“ ќе го пуштат во големиот ривал.