Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд се најде на списокот на селекторот на Англија, Герет Саутгејт за СП во Русија.
Овој 20. годишен фудбалер заигра во дресот на Црвените ѓаволи пред две години. Тоа на крајот му донесе и настап на ЕП во Франција, а и ова лето ќе го гледаме во дресот на Англија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рашфорд за својот успех во професионалниот свет најмногу е благодарен на својата мајка Меланија, која му е најголема поддршка.
Многу Англичани ги расплака со пораката која ја упати откако доби повик во националниот тим.
„После сите години кои ги помина покрај линијата на студ и дожд, мамо сега одиме на Светско првенство.“ – напиша Рашфорд.
Во светот на фудбалот е реткост да се види вистинската вредност на некој фудбалер, но очигледно младиот напаѓач на Јунајтед ја има и парите не го промениле.
After years of you standing on the touch line in the cold and rain, Mum we’re off to the World Cup! ??? pic.twitter.com/JOCj5oBCtN
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) May 16, 2018