Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми.




Со доаѓањето на Ралф Рангник на клупата на „црвените ѓаволи“ се променија и приоритетите кога се трансферите во прашање.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Германецот е познат како голем пронаоѓач на таленти и верува дека Адејеми е новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.




19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе дебитираше и за германската репрезентација.




За Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен и Барселона, а Салцбург е спремен да го пушти за сума од 40 милиони евра.




„Билд“ пренесува дека Рангник има одлични односи со Салцбург и сака да ја победи конкуренцијата, па уште во јануари да го донесе талентот на „Олд Трафорд“.