Екипата на Реал Мадрид утре ќе се бори за четвртата титула во рамки на УЕФА Суперкупот,а за таа цел во Скопје, пристигна целиот состав на „Кралевите“. Тимот од престолнината на Шпанија утре ќе се соочи против Манчестер Јунајтед на националната арена „Филип Втори“, а капитенот на Мадриѓаните, Серхио Рамос посочи дека утре неговиот тим ќе се состан со историјата.
„Јас сум горд што сум капитен на овој состав. Утре ќе се состанеме со историјата. Ова е финале на победниците во ЛЕ и ЛШ, а трофејот доколку го освоиме ќе им го посветиме на нашите навивачи“, истакна Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се однесува до присуството на Кристијано Роналдо во тимот, Рамос истакна дека Реал е еден поинаков тим кога го има Португалецот во него. Шпанскиот интернационаец на новинарско прашање, го искоментира и евентуалното заминување на Герет Бејл од тимот.
„За иднината одлучува самиот тој. Нас ни е мило што е со нас. Тој е одличен и ние го сакаме во нашиот тим“, додаде капитенот на Реал.