Дома Фудбал Рамос прв го прокоментира доаѓањето на Еден Азар

Рамос прв го прокоментира доаѓањето на Еден Азар

Белгијскиот репрезентативец Еден Азар е првото големо засилување на Реал Мадрид за новата сезона.

Кралскиот клуб по крајот на сезоната конечно ја заврши трансфер сагата и потврди дека Азар е нов играч на овој тим. Белгијанецот на Сантијаго Бернабеу пристигнува од Челси и со Реал потпиша петгодишен договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јасно е дека Флорентино Перез сака да ги врати Кралевите на врвот, а Азар би требало да биде најголемото засилување за следната сезона. Доаѓањето на Азар ги воодушеви навивачите на Реал, но и играчите на овој клуб.

Прв кој се огласи после трансферот беше капитенот на кралскиот клуб Серхио Рамос, кој не го криеше задоволството што Азар потпиша договор со Реал.

„Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно дека ќе биде огромно засилување за нашата екипа. Задоволен сум како течат припремите за новата сезона што се однесува на засилувањата.“ – изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи обвинет за прекршување на дури 74 правила, а веднаш потоа се насочи кон три нови засилувања!

Челзи потроши голема количина на пари ова лето, пред сè за засилување на напаѓачкиот дел о…