Дома Фудбал Рамос не е среќен поради начинот на кој го напушта Реал

Рамос не е среќен поради начинот на кој го напушта Реал

Реал Мадрид вечерва официјално потврди дека Рамос после 16 години го напушта клубот.

Рамос утре ќе одржи прес конференција за медиуми на која ќе се опрости од Реал Мадрид каде пристигна во 2005. година од Севиља.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За Реал Мадрид одигра 671 натпревар, а како стопер успеа да постигне дури 101 погодок. Освои четири титули во ЛШ, пет во Ла Лига, четири Светско клупско првенство, две титули во Кралскиот куп, четири Суперкупа на Шпанија и три Суперкупа на Европа.

Обележи една ера во Реал, но во Мадрид немаа слух за неговите барања за нов договор, па тој ќе мора да бара нов клуб.

Се верува дека ПСЖ е еден од можните клубови, а постои интерес и од некои англиски тимови. Се на се, Рамос утре ќе каже „Збогум Реал“.

Според пишувањата на добро упатени новинари, Рамос е разочаран поради тоа како заврши неговата ера во Мадрид. Очекуваше да дојде до пресврт, да добие поддршка од Перез и Реал, но на крајот не дочека.

Досегашниот капитен на Реал Мадрид не беше повикан и во репрезентацијата на Шпанија која игра на ЕП, бидејќи селекторот Енрике очигледно одлучил да го послуша предлогот на Сојузот за постепена смена на генерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…