Дома Актуелно Рамос конечно спремен за деби во дресот на ПСЖ

Рамос конечно спремен за деби во дресот на ПСЖ

Серхио Рамос конечно изгледа блиску до деби во дресот на Пари Сент Жермен.

Искусниот дефанзивец ова лето пристигна во Париз како слободен агент, откако претходни цели 16 години го носеше дресот на Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од почетокот на сезоната 36-годишниот Шпанец се уште нема запишано ниту еден настап, бидејќи се опоравува од повреда. Минатата сезона тој пропушти 30 меча за „кралевите“ поради повреда.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос наскоро ќе се врати на терените. Тој започнал со целосни тренинзи и може да биде повикан за дербито со Лил во петок.

Сепак,  многу поголема е веројатноста тој да дебитира на мечот со Лајпциг во Лигата на шампиони на 3 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…