Дома Фудбал Италија Рамзи: Во Јувентус има фамилијарна атмосфера, Роналдо ме изненади!

Рамзи: Во Јувентус има фамилијарна атмосфера, Роналдо ме изненади!

Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување и тврди дека во клубот има фамилијарна атмосфера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Велшанецот го пропушти стартот на сезоната поради повреда, но сега се врати во стартниот тим и веќе го постигна својот дебитантски гол.

„Имам фантастична можност да играм во огромен клуб и сакам да бидам дел од него. Се надевам дека ќе помогнам клубот да направи големи работи. Почнав да учам италијански и брзо се прилагодувам со тимот“, истакна Рамзи, а потоа ги опиша своите впечатоци од Роналдо.

„Кристиано Роналдо беше како сите други во тимот и ми посака добредојде. На теренот, секако тој е еден од најдобрите фудбалери со кои можете да играте, но надвор од мечевите е нормален човек. Во клубот постои семејна атмосфера, но сите имаат само една цел, да победуваат и да освојуваат трофеи“, додаде Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко сака да го зададе финалниот удар на трансфер пазарот за да ја засили Барса

Барселона влегува во завршната фаза на трансферниот период, која би можела да биде многу д…