На Хрватот не му паѓа на памет да ја напушти Барселона!
Изгледа дека од желбата на Барселона да го продаде Иван Ракитиќ и да ја наполни касата со заштедата за неговата плата нема да има ништо.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хрватот остана на она што го кажа на почетокот на припремите не сака да ја напушти Барса.
Не сакаше да слушне за Јунајтед, ниту за ПСЖ и Интер кои останаа како опции.
Ракитиќ нема да биде вклучен ниту во евентуалното враќање на Нејмар во Барселона. Сепак и покрај тоа што тој бил известен дека Де Јонг ќе добива предност Хрватот се уште верува дека може да се наметне кај Валверде.
Барса би можела да го продаде Видал за него заинтересиран е Интер, но засега нема најави накој начин овој трансфер може да се реализира.