Дома Топ вести Ракитиќ: Модриќ ме викаше во Реал!

Ракитиќ: Модриќ ме викаше во Реал!

Иван Ракитиќ открива дека малку недостасувало од Севиља да се пресели во Реал Мадрид наместо во Барселона бидејќи имал отворен повик од својот сонародник Лука Модриќ.

Сепак, судбината не ги спои Ракитиќ и Модриќ бидејќи се реши да потпише за Барселона каде во изминатите две години осум од можните десет трофеи.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Кога бев во Севиља, Модриќ неколку пати ми се јави и ми рече да дојдам во Реал Мадрид. Ние сме добри пријатели и јас многу го почитувам, како играч и како човек. Тој на својата позиција е еден од тројцата најдобри фудбалери во светот. Искрено, јас можам него да го замислам во Барселона“, изјави Ракитиќ.

Барселона минатата недела оствари историска победа над ПСЖ со 6:1 и се пласираше во четвртфиналето во ЛШ.

„Неможев да спијам таа ноќ. Бев многу уморен, заминав рано во кревен, но едноставно не можев да заспијам. Нема многу тимови кои имаат желба и страст како Барселона“, истакна хрватскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…