Дома Актуелно Ракитиќ има посебна желба: Во осминафиналето го посакува овој клуб

Ракитиќ има посебна желба: Во осминафиналето го посакува овој клуб

Барселона групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши со победа на домашен терен од 2:0 против тимот на Спортинг.

Каталонците завршија како првопласирани во групата, а за медиумите по натпреварот зборуваше фудбалерот од средината на теренот, Иван Ракитиќ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Одигравме прилично добро. Да се игра во Лигата на шампионите е нешто посебно, секој натпревар е посебен. Динамиката на тимот добра, идејата не се менува и тоа ни овозможува подобро да се прилагодиме. Заслуживме да победиме и сега мораме вака да продолжиме“, зборуваше Ракитиќ.

Хрватот потоа беше запрашан за Лионел Меси и противникот кој би го посакувал во осминафиналето.

„Важно е тој да биде задоволен тука. Најважно е што со нас. Да се види како игра секогаш е нешто посебно. На Лео му се доволни 20, 25 минути за да го промени текот на натпреварот. Во осминафиналето го посакувам Базел“, изјави Ракитиќ кој во 2005 година настапуваше за швајцарскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…