Повеќе нема дилеми – Погба сака да си оди од Манчестер Јунајтед!
Пол Погба сака да си замине од Манчестер Јунајтед и ова отворено вечерва го потврди Мино Раиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раиола призна дека работи на трансфер на Французинот, а изгледа дека неговиот клиент би можел да се врати во Јувентус. Сепак, за името на клубот контроверзниот менаџер не зборуваше јавно.
„Сите знаат дека Погба сака да направи нов чекор. Работиме на тој процес. Клубот е свесен што Погба чуствува и што сака. Мислам дека јасно е дека Погба има план да замине од Манчестер, тој не сака да игра повеќе за овој клуб. Ова веќе не е тајна“, изјави Раиола
Наводно Јунајтед ќе се обиде да го продаде Погба пред заминувањето на предсезонската турнеа во Австралија.
„Не можам ништо да ви кажам, живеем од ден во ден. Мораме да бидеме трпеливи“, додаде Раиола.
Се верува дека Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде Погба за 150 милиони евра, а претходно летото 2016 година Французинот беше откупен од Јувентус за 105 милиони евра.