Oва лето Џанлуиџи Донарума одлучи да не ја продолжи соработката со Милан и како слободен играч премина во редовите на ПСЖ.
Фановите на италијанскиот клуб беа бесни на неговата одлука и го прогласија за предавник затоа што финансиите беа клучен фактор да се пресели во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мино Раиола сега тврди дека Донарума не го предал Милан.
„Жал ми е за односот на навивачите на Милан кон Донарума пред неговото заминување. Немаше никакво предавство, едноставно направи животен избор. Можеше да замине пред четири години, но тогаш остана. И Јувентус беше опција и сега мислам дека жалат затоа што не постигнаа договор“.
Донарума на почетокот во ПСЖ е на клупата, предност добива Кејлор Навас.
„Не се сомневам дека во иднина ќе биде прв голман“, тврди Раиола.
Ќе потсетиме, Донарума на Европското првенство ова лето кое го освои Италија беше прогласен за најдобар голман.