Пол Погба ова лето е една од темите за кои најмногу се пишува.
Французинот сака да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа е повеќе од јасно. Раиола неодамна јавно зборуваше дека Погба повеќе не сака да игра за Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите знаат дека Погба сака да направи нов чекор. Работиме на тој процес. Клубот е свесен што Погба чуствува и што сака. Мислам дека јасно е дека Погба има план да замине од Манчестер, тој не сака да игра повеќе за овој клуб. Ова веќе не е тајна“, изјави неодамна Раиола
Меѓутоа токму таа изјава на Раиола изгледа направила проблем и ги налутила луѓето во клубот кои сега имаат нова цена за својот фудбалер.
Манчестер Јунајтед претходно се очекуваше да го пушти Погба за сума околу 150 милиони евра, сега не е така. Наводно, после таа изјава на Раиола во клубот одлучиле дека Погба може да замине само ако некој клуб понуди 200 милиони евра.
Кога во прашање е потенцијалниот нов клуб на Погба изгледа остана само Реал Мадрид како опција затоа што Јувентус нема немера да нуди астрономски суми.