Дома Фудбал Италија Работите се менуваат – Дали Челзи и Јувентус веќе ја губат борбата за титулата?

Работите се менуваат – Дали Челзи и Јувентус веќе ја губат борбата за титулата?

Во Англија и Италија веќе започнаа да ги отпишуваат, иако е прерано за такви проценки. Еве како во овој момент стојат работите….

Минатата сезона се „прошетаа“ во своите првенства, иако кога е Јувентус во прашање тоа не е чудно, а таа низа започна со пристигнувањето на Антонио Конте. Поранешниот капитен освои три титули, но замина поради несогласувањата во врска со трансфер политиката, но Масимилијано Алегри ја продолжи низата.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Сега Конте во премиерната освои титула со Челзи, но изгледа дека оваа година тешко ќе стигнат до одбрана на истата. Едноставно се случи тоа на што Конте предупредуваше во текот на летото, Челзи нема тим за борба на повеќе фронтови.

„Многу тешка сезона, потребни ни се 150% од можностите, се што е помалку не е доволно. Сигурен сум дека ќе се бориме, но на повеќе фронтови ќе биде тешко. Играме во четири натпреварувања, повредите не стигнуваат, јасно е дека имаме проблем“, изјави Конте после поразот од Кристал Палас.

Во Англија веќе на големо се зборува дека Челзи веќе ја губи борбата за титулата и тешко е да се верува дека двата тима од Манчестер толку многу ќе паднат. „Сините“ заостануваа девет бодови зад Сити, а седум зад Јунајтед, јасно е дека има уште многу да се игра, но пред нив е Тотенхем кој во текот на зимскиот преоден рок би можел да донесе големи засилувања.

Во Италија ситуацијата е поинаква. Едноставно Јувентус им здосади на сите и сега е јасно дека сите, освен фановите на „старата дама“ сакаат тие да не бидат во борбата за титулата. Наполи е навистина перфектен и Интер покажа дека оваа сезона конечно може да се врати на старите патики.

Проблемот на Јувентус е во одбраната, пред се, но и фактот што премногу зависат од Пјаниќ и Дибала. Кога на тоа ќе ги додадете проблемите со Игуаин кој е само „бледа“ сенка на фудбалерот од претходните сезони, јасно е дека ова би можела да биде сосема поинкава година.

Кога во прашања се засилувањата, освен Бентакур и Матуиди и по малку Даглас Коста, другите не се вклопија, барем не до овој момент.

Даглас Коста знае да блесне од време на време, Бернардески што туку почна да се адаптира, а Ховедес сеуште не дебитирал. Стандарден е само Матуиди.

Од друга стана „аларм“ во клубот, нема, Алегри верува дека тимот врвот на формата ќе го достигне во јануари, но како што тргнал Наполи Јувентус мора многу побрзо да реагира.

Интер?

Со нив никогаш не се знае, но изгледа дека овој тим на Спалети има голема предност што не игра во Европа и со неколку засилувања во јануари би можеле да бидат сериозен кандидат за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…